top of page

Победа по вторпат и на М-14 селекција против градскиот ривал со 62:52 💪💪💪

По примерот на повозрасната М-16 селекција, нашата М-14 селекција по вторпат оваа сезона го победи градскиот ривал КК АБА со резултат 62:52 💪.


🏀 По првото полувреме во коешто прикажавме игра која не смееме да ја играме, посебно на оваа возраст, игра без желба, агресивност, скок и брзина, третата четвртина беше четвртина на "освестување", четвртина во којашто прикажавме дел од принципите кои како клуб ги тренираме и по кои сме препознатливи, а тоа се агресивност, брзина и колективност!

Сето ова придонесе за да ја добиеме оваа четвртина со 16 разлика и негативата по првото полувреме ја претвориме во недостижна предност до крајот на натпреварот.


👏 Честитки за момците од М-14 за победата и нека оваа победа биде пример за како треба и како не треба да се пристапи кон секој натпревар!




Comments


bottom of page