top of page

За нас

Добредојдовте во КК Струмица Ролинг, најдобрата кошаркарска школа во Струмица! Посветени сме на промовирање на спортот во сите возрасни групи, со над 150 млади играчи/ки кои напредуваат под водство на нашиот искусен тренерски тим. Нашиот клуб има повеќе селекции, вклучително и сениорски тим, со приспособени членарини. Не заборавајте да го проверите нашиот канал на YouTube за пренос на натпревари во живо и возбудливи видеа кои ги прикажуваат нашите играчи и нивното патување!

Мисија и Визија

Mисија -  наша мисија е изградба на стабилен, професионален и успешен кошаркарски колектив на просторот на струмичкиот регион, но и на државно ниво.

Клубот да биде препознаен како здрав спортски колектив во кој добредојден ќе биде секој кој ќе сака да помогне и да даде свој личен придонес  за подигање на кошарката не само во Струмица, туку и пошироко, во Македонија, па и надвор од државата.

Зголемување на масовноста кај децата, промовирање на здрав живот и здрави навики, промовирање на придобивките од спортот и да бидеш дел од него, сето тоа се дел од нашата визија.

Во наредните 4 години формирање на стабилна прволигашка екипа која ќе биде дел од најелитното кошаркарско натпреварување во државата.

 

Визијата  - Клубот го гледаме како пример за спортско работење, во кој ќе бидат вклучени спортски работници кои ќе ја споделуваат нашата љубов и посветеност за кошарката,

Формирање повеќе младински селекции во кои ќе бидат опфатени што поголем број на кошаркари и кошаркарки со обезбедени услови за нивен напредок и усовршување,

Натпреварување во завршниците на сите младински категории

И секако сениорска екипа формирано претежно од играчи кои произлегле или тренираат во нашиот клуб да биде во врвот на македонската кошарка, со што не само што ќе дадеме придонес за градот, туку и на државата со промовирање на играчи кои ќе можат да бидат носители на репрезентацијата во разни возрасни категории.

Придружете ни се за да бидете дел од оваа динамична кошаркарска заедница и да ја доживеете возбудата на играта како никогаш досега.

Запознајте ги тренерите

за нас тренер
logo KK STRUMICA ROLING

070 31 54 45

070 81 81 70

078 21 40 44

070 37 46 26

Струмица, Македонија

СЛЕДЕТЕ НЕ

  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • TikTok

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

Mio cafe
Opstina Strumica
Rined prevoz
Arena fitnes

КК СТРУМИЦА РОЛИНГ | СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ

DESIGN BY JCICIMOV

bottom of page