Едно полувреме не е доволно за успех!
- Jugoslav Cicimov
- Mar 4
- 1 min read
Пораз на М-16 селекција против екипата на МКК Куманово на домашен терен!
На овој натпревар видовме две спротиставени страни на нашата селекција.
Во првото полувреме видовме агресивност, пожртвуваност, желба, додека во второто полувреме ја видовме спротивната страна на оваа селекција, безидејност, индивидулност, анемичност!
Сепак во овој натпревар не зависеше се и од нас, мораме да го пофалиме противникот кој во целиот натпревар покажа квалитет и разновидност, како во нападите така и во одбраната.
Сосема заслужена победа на гостите од Куманово, а за нас останува да се таргетираат грешките и да се поправат!
Победите се слатки, но поразите се мотив за понатамошно напредување и подобрување!
#СТРУМИЦАСАКАКОШАРКА 💙




Comments