top of page

ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА ДОАЃА!

Updated: Oct 23


Нашите момци на завршниот турнир иако ослабени со негирање на неколку играчи го дадоа својот максимум, одиграа два многу тешки натпревари во кои ни фалеше многу малку за да се победат, иако крајниот резултат од полуфиналето не го покажува тоа.

Сепак голема благодарност до сите играчи кои беа дел од оваа сезона, сезона која уште на почетокот целта беше зацртана играњето на завршниот турнир за оваа М-14 селекција, селекција која и пред две години се пласира и го освои второто место на државното првенство за играчи до 12 години!


Следниот предизвик за оваа генерација е натпреварувањето во М-16 лига, во којашто целта не се менува, а тоа е играње на завршниот турнир за оваа генерација, можеби не во првата сезона од оваа лига, сезона во којашто нашите момци ќе се една година помлади, но секако дека следната треба да биде годината во која ќе го покажат својот талент и потенцијал!


Честитки до сите играчи од целата управа и ние како клуб ќе направиме се за нивен кошаркарски развој.

💙струмицасакакошарка



Comments


bottom of page