Final four за М-14 💪
- Jugoslav Cicimov
- May 13
- 1 min read
📣Струмица Ролинг - М14 на Final Four. Нашата селекција до 14 години е во најдобрите 4 екипи во Македонија.
Да се биде дел од најдобрите не е случајност, туку плод на многу труд и работа, како на играчите, така и на тренерскиот тим. Со овој успех Струмица Ролинг како клуб покажува дека со нашата работа во младинските школи се стремиме да бидеме меѓу најдобрите. За шампионскиот пехар ќе се натпреваруваме со екипите на Работнички, МЗТ и Феникс. 🏀💪🏆
Во наредните денови ќе биде одредено местото и терминот на одржување на финалниот турнир. За повеќе информации следете не на нашиот профил.




Comments