Целта е остварена! Промоција втора лига!
- Jugoslav Cicimov
- May 12
- 1 min read
✅Прво достигнување за нашиот млад клуб. Нашата сениорска екипа од наредната сезона ќе игра во Втора Лига. Докажавме дека и со ограничени средства, но со многу труд и идеи може да се постигне целта и полека, но сигурно да се враќа интересот за кошарката. Учиме од грешките и овде не застануваме, во наредните сезони ќе се потрудиме да бидеме уште подобри.
Голема благодарност до нашите играчи и стручниот штаб за нивната пожртвуваност.
Уште еднаш благодарност и до нашите спонзори и помагатели Miocaffè, Општина Струмица, Rined Prevoz, Arena Fitness Strumica Се надеваме дека од наредната сезона овој тим ќе се зголеми и дека заедно ќе славиме нови успеси и ќе поставиме еден силен кошаркарски фундамент.
Благодарност и до сите наши фанови кои доаѓаа на нашите домашни натпревари и ни даваа одлична поддршка. 🏀💪
Ова не е збогум до наредната сезона, очекувајте и пратете ги нашите активности во текот на летото. Пренеси на своите пријатели дека доаѓа едно ново кошаркарско име КК Струмица Ролинг. ✌️🏀


Comments