Успешно започна мини лигата за М-11 и М-13 селекции 💪
- Jugoslav Cicimov
- Mar 30
- 1 min read
Ова неделно претпладне започна мини лигата помеѓу екипите на КК Струмица Ролинг, КК Прима Баскет од Гевгелија и КК Тиквеш од Кавадарци.
Честа да ја отворат оваа мини лига ја имаа најмалите М-11 селекции на нашата екипа и екипата на КК Прима Баскет од Гевгелија.
Овој натпревар за повеќето играчи беше прв официјален натпревар, па така и возбудата и тремата беше голема, што се осети во текот на играта. Сепак нашата екипа побрзо ја надмина почетната трема и направи солидно водство, што го задржавме до крајот на натпреварот. 💪
По М-11 селекција, својот прв официјален настап го имаше и М-13 селекција против екипата на КК Прима Баскет од Гевгелија.
И на овој натпревар во поголемиот дел нашата екипа беше во водство, но не доволно за натпреварот да биде релаксиран, па така видовме возбудлив и неизвесен натпревар, во кој гостинската екипа имаше можност во последниот напад да избори продолжение. Сепак ова беше заслужена победа на нашата М-13 селекција.💪


























































































































Comments