🏆🥉Трето место на турнирот во Бугарија
- Jugoslav Cicimov
- Oct 6
- 1 min read
🇲🇰🇧🇬🇬🇷Викендот нашата екипа генерација М-16 беше гостин на меѓународниот турнир во Пазарџик, каде учество земаа и две грчки екипи, КК Лефкипос од Ксанти и КК Атлас од Комотини како и домаќинот екипата на КК Хебар.
⛹️♂️🏀⛹️Во полуфиналето во многу интересен и неизвесен натпревар бевме поразени од екипата на КК Лефкипос а за трето место бевме подобри од екипата на КК Атлас.
👉Голема благодарност до организаторот КК Хебар и до претседателот Јанислав Марков за поканата да бидеме дел од овој турнир, за одличната организација, големото гостопримство и можноста за стекнување на нови пријателства како и продолжување и продлабочување на одличната соработка помеѓу нашите клубови.
💙Се вративме назад со многу убави моменти, нови искуства, пријателства кои не поттикнуваат да продолжиме со упорна работа , грижа и вложување во нашите млади кошаркарски генерации.























Comments