top of page

Прв пораз на М-14 🏀

Во третото коло М-14 селекција го доживеа првиот пораз сезонава.

Подобри од нашата селекција беше селекцијата на КК Иба Баскет од Скопје во саботното 3-то коло кое се одигра во Струмица со резултат 48 : 76.


Во овој натпревар самиот резултат не "боли" толку, колку што самиот пристап кон натпреварот од страната на целата селекција!

Не е необично натпреварите да се изгубат со голема разлика, но од екипи кои се многу поквалитетни и со подобри играчи , но денеска противникот не беше ни толку добар, ниту толку поквалитетен за да ни нанесе таков пораз!


Се надеваме дека ова ќе е само ден од кој нашата екипа ќе извлече поука и нема да се повтори на другите натпревари!


За крај само со победнички пристап се доаѓа до успехот, а како спортски клуб секојпат ќе му честитаме на противникот кој е подобар од нас.


Честитки до КК Иба Баскет за фер и спортскиот однос на овој натпревар и секако за убедливата победа! 👏

Comments


bottom of page