top of page

М-16 успешни и на вториот натпревар!

Денешната двојна програма успешно започнува со победа на М-16 селекција на гостувањето кај КК Ринија од Куманово со резултат 69:46!

Иако не се претставивме со најдобра игра , посебно во првите две четвртини, третата четвртина беше доволна за да се направи разлика и на крајот натпреварот да го завршиме мирно.

Овој натпревар е добар пример кога не се игра со желба, секој натпревар е тежок.


Оваа е добра најава за вечерашниот дуел на нашите сениори против екипата на КК Гевгелија, која во првиот дел од сезоната ни зададе доста проблеми на домашен терен.

Веруваме дека екипата која ќе излезе на терен, ќе го даде својот максимум за да имаме перфектен скор оваа недела.


Comments


bottom of page