top of page

КК Дино Баскет непремостлива пречка за нашата М-16 селекција!

Во натпревар во кој видовме голема борбеност на двете страни во одбраната, но многу малку убавина во нападот, нашата екипа загуби од екипата на КК Дино Баскет од Кочани со резултат 49:61, кој на крајот и не ја отсликува реалната слика на натпреварот, бидејќи во текот на 35 минути и двете екипи имаа минимални водства од 2-4 разлика.

На крајот се покажа краткиот ростер на нашата екипа (кој поради повреди или болест не играа четворица играчи) како пресуден за овој резултат.

Сепак мора да се пофали залагањето на сите што земаа учество на овој натпревар за своето ангажирање во одбраната, но исто така и да се нагласат грешките во нападите, посебно слабото движење на топката, лошите додавања и избрзаните шутеви!

Одиме понатаму, грешките се акцентирани, ќе работиме на поправање на истите!


Comments


bottom of page