top of page

Чисти 2:0 против КК Овче Поле за влез во полуфиналето! 💪

По победата на гостувањето во Св Николе, се очекуваше оваа победа да се потврди и на домашен терен, што направи своевиден притисок на играчите во воведните минути кога резултатот беше изедначен.


Но како што минуваше времето нашите играчи предводени од капитенот Мицев и домашната публика (која и на овој натпревар беше во голем број), разликата стануваше поизразена, па така на полувремето имавме предност од 15 разлика, што беше добра стартна предност за во второто полувреме.


За разлика од првиот натпревар каде што предноста од 13 разлика на полувремето, брзо ја изгубивме во третата четвртина, овој пат нашите играчи и стручниот штаб не го дозволи тоа, па така резултатот се движеше од 15 до 20 разлика до самиот крај.

Крајниот резултат од 91:70 е реална слика на силите во моментов помеѓу двете екипи!


Честитки до сите учесници во победата, победа која со чисти 2:0 не носи во полуфиналето каде што го чекаме следниот противник од дуелот помеѓу КК Хераклеа и КК Љуботен.💪


Огромна благодарност до публиката која и на овој натпревар дојде во голем број за да не поддржи во нашата цел, влегување во втората лига. 👏


Сакаме да се заблагодариме и на МВР Струмица, која на овој натпревар заедно со Никоб обезбедување дадоа сигурност како на нашата публика, така и на гостинската навивачка група која беше дојдена за да им даде поддршка на нивната екипа.👊


Црвениот крст, по потпишувањето на договорот за соработка со нашиот клуб и на овој натпревар беше дел од организацијата на натпреварот со што помогнаа натпреварот да помине на највисоко ниво. ❤️



Comments


logo KK STRUMICA ROLING

070 31 54 45

070 81 81 70

078 21 40 44

070 37 46 26

Струмица, Македонија

СЛЕДЕТЕ НЕ

  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • TikTok

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

спонзори

Mio cafe
Opstina Strumica
Rined prevoz
Arena fitnes

КК СТРУМИЦА РОЛИНГ | СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ

DESIGN BY JCICIMOV

bottom of page